Sbs Macedonian -

Рон Бараси - ќе биде запаметен за својот револуционерен стил на игра во AFL

Informações:

Sinopsis

Рон Бараси, првиот играч кој беше примен во спортскиот дом на славните на австралискиот фудбал, почина на 87-годишна возраст. Тој ќе биде запаметен како играч и тренер кој направи револуција во австралискиот фудбал. Неговата одлука да игра за страната на неговиот татко доведе до воведување на правилото татко-син, во АFL. Бараси помогна Мелбурн да освои шест шампионски знамиња во златниот период за клубот во 1950-тите и 60-тите. Во 1965 година, тој го направи незамисливото и му се приклучи на Калтон, овозможувајќи клубот да освои две првенства како играч-тренер. Бараси, кој беше познат по својот директeн тренерски стил, подоцна се врати како тренер на неговиот прв тим Мелбурн помеѓу 1981 и 1985 година.