Sbs Macedonian -

Волонгонг подготвен за Македонскиот фудбалски куп 2024

Informações:

Sinopsis

Домаќини и организатори на традиционалниот Македонски фудбалски куп "MASO CUP" за 2024 година кој ќе се одржи од 25 до 28 јануари, се фудбалските клубови "Волонгонг јунајтед" и "Кринџила лајонс". Турнирот кој започна да се одржува од 2008 година се очекува да биде еден од најмасовните досега со учество на 16 клубови и 35 екипи во машка и женска конкуренција. За подетални информации кога и каде ќе се играат натпреварите слушнете во аудио разговорот со Пеце Вртковски, претседател на фудбалскиот клуб "Волонгонг јунајтед".